Гостиварец реемитувал телевизиски канали без лиценца и за тоа наплаќал по 100 евра годишно од корисниците, соопшти полицијата.
Вчера, 01.11.2023 околу 13.00 часот на улицата Гоце Делчев во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 61-годишниот гостиварец Е.Б..
Тој се сомничи дека реемитувал телевизиски канали без потребната лиценца и дека неговите услуги, според досега утврденото, ги користеле 2.800 клиенти кои плаќале по 100 евра годишно.
Во деловниот објект во кој работел и на други места биле пронајдени и одземени два компјутери, два рисивери и три мобилни телефони. Гостиварецот бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни пријави.