Горивата поевтинуваат за половина денар по литар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цената на дизелот и на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 %.

Новата малопродажна цена на „еуросупер – 95“ е 82,5 денари за литар, „еуросупер – 98“ ќе се продава за 84,5, дизелот за 76,5, а маслото за домаќинствата за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,267 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,019 денари.

Share This Article