Малопродажните цени на бензините и на дизелот се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на литар „еуросупер – 95“ ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на „еуросупер – 98“, и 76,5 денари на „еуродизел“.
Поевтинува и мазутот за 0,256 денари, и килограм ќе чини 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), односно останува 75,5 денари.