Горивата од полноќ ќе се продаваат по нова цена

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цените на бензините од полноќ се зголемуваат за два денари за литар, а на дизелот за денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 86 денари за литар, Еуросупер  БС-98 ќе се продава по цена од 88 денари за литар,а дизелот по цена од 87 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 85 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.

Share This Article