More

    Гори во градовите близу нуклеарката во Запорожје

    spot_img

    Русите утринава истрелаа ракети во градови близу нуклеарната централа Запорожје. Ова ги натера украинските власти да ја забранат прославата за независноста на Украина во среда, поради страв од „нешто особено грдо“, јавува Ројтерс. Додека Киев и Москва си играат топло-ладно околу Запорожје, руските ракети денеска ги погодија Никопол, Криви Рих и областа Синелниковски повредувајќи најмалку четири лица, напиша гувернерот Валентин Резниченко.

    Украина, исто така, извести за руски ракетен напад врз Вознесенск, на југозапад и недалеку од втората по големина атомска централа во земјата. Во своето утринско ажурирање во понеделникот, Генералштабот на Украина рече дека руските сили направиле постепено напредување во областа Благоднане во правец на градот Миколаев, главната цел на југ.

    Русија, исто така, се обидуваше да го врати моментумот кон Писки, Бахмут и Краматорск, клучните градови во провинцијата Доњецк, кои заедно со соседниот Луганск, заробени од московските сили претходно во текот на летото, го сочинуваат источниот регион Донбас.

    Руската артилерија и повеќе системи за ракетни фрлачи ги погодија областите Соледар, Зајцеве и Билогоривка во близина на Бахмут, се вели во ажурирањето на украинската воена команда. Најмалку двајца цивили загинаа, соопшти регионалната администрација. Русија негира дека цели на цивили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img