Гори фабрика за производство на керамика во московското преградите Химки на 20 километри од Кремљ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Гори фабрика за производство на керамика во московското преградите Химки на 20 километри од Кремљ. Уште не е познато дали се работи за украински напад, односно за тоа што е причината на пожарот. Се шпекулира дека техничките инсталации кои ги произведува фабриката можат да се користат во руската воена опрема.

На социјалните мрежи се појави снимка од пожарот кој зафати 2.000 метри квадратни:

 

 

Во меѓувреме, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на Телеграм напиша дека во близина на Москва е уништен непријателски дрон. Нема жртви или материјална штета.

 

Во изминатите 24 часа едно лице загина во гранатирање на Украина во Белгородската област, а 14 се повредени, објави денеска регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.

Од друга страна, руските сили денеска масовно ракетираа во повеќе украински градоци.

„Руската авијација изврши воздушни напади врз Липка, Вовчанск, Боршово, Мали Прохода и Хлибоке во регионите Харков, Мирноград, Очеретин, Прорес, Желане, Вовче, Курахово, Урожајне, Макаривка, Сторозово, Дружба, Донецк, “,  соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article