Младиот бизнисмен од Нови Сад, Ѓорѓе Куљиќ и неговата сопруга Мила добија ќерка. Мила се породила во Америка.
Ѓорѓе и Мила извесен период живееле во Црна Гора, а потоа заедно заминале во Чикаго.
Во споменатата метропола, каде што има многу луѓе од Балканот, Ѓорѓе развил семеен бизнис и токму затоа често е на релација Србија – Америка.
Инаку, да потсетиме, година и пол по раскинувањето на петгодишната врска со Анастасија Ражнатовиќ, Ѓорѓе Куљиќ започна ново поглавје во животот.
Младиот бизнисмен, роден во Нови Сад, во јуни се венча со својата избраничка Мила, а во кругот на најблиското семејство и пријатели имале само интимна прослава.
ФОТО: Инстаграм