Гордана Силјановска Давкова со порака од тетовскиот изборен штаб

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нужни се темелни промени, новата власт мора да биде реформски настроена, порача вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова од регионалниот изборен штаб во центарот на Тетово каде што како кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше поканета од локалното членство.

– Кога претседател кој мора да ги штити државните интереси прво вели дека не ја видел преговарачката рамка, а во меѓувреме обзнанува дека учествувал во нејзината изработка имаме проблем со отсуство на одговорност. Шефот на државата, пред сè друго, мора да ги брани националните приоритети и да не заборава дека суверенитетот извира од граѓаните. Не смее да се заборави дека легитимитетот на шефот на државата извира директно од граѓанинот како носител на суверенитетот. Кога се избира претседател има шанса личноста на претседателот да обедини и други луѓе кои нема да гласаат за партијата од идеолошки или од други причини. Секој што претендира на претседателска позиција мора да има на ум дека треба да обединува, а не да разединува – порача Силјановска Давкова во вечерашното обраќање пред членовите на партијата.

Share This Article