More

    Ѓорчев: Во Македонија во март годинава има 18% помалку родени бебиња во споредба со минатата 2022 година

    spot_img

    Во Македонија во март годинава има 18% помалку родени бебиња во споредба со минатата 2022 година, посочи Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

    – Во март 2022 година родени се 1557 бебиња, во март 2023 година родени се 1279 бебиња во Македонија, тоа е 278 бебиња помалце, само во еден месец. Тоа е фрапантен ужасен пад од 18%, 278 помалце родени бебиња тоа значи во само еден месец, 14 паралелки помалку со деца, 14 паралелки со 20 деца – рече Ѓорчев.

    Повикувајќи се на податоците од сајтот на Државниот завод за статистика, тој истакна дека 2022 е „убедливо најлошата демографска година во историјата на Македонија“, но и дека негативниот тренд продолжува и во првиот квартал годинава.

    – На таа најлоша година сега во март имаме 18% дополнителни родени бебиња помалку. Тоа значи празни училишта, празни градинки, празни градови и села, тоа значи пуста, пуста земја. Овие бројки се ужасни. Ова се политиките на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски. Тие политики буквално ја уништуваат Македонија. За Македонија да живее и преживее мора овие нивни политики да бидат час поскоро поразени – истакна Ѓорчев.

    Тој укажа дека негативниот тренд и демографската катаклизма продолжува и во првиот квартал од 2023 година во кој се родени 3.656 бебиња, односно 353 помалку бебиња во однос на истиот квартал лани во кој во Македонија се родени 4.009 бебиња.

    – Тоа значи дека Македонија исчезнува, тоа значи дека Македонија ја нема. Тоа значи дека со овие политики на Таче Ковачевски и Стево Пендаровски ќе имаме празни училишта, празни градинки, празни полиња, празни села, празни градови, испразнети маала, без детски џагор. Тоа значи дека буквално стануваме пуста земја. Нема ниту една земја, нити една земја во светот во март која има ваков пад од 18 проценти – рече Владимир Ѓорчев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img