Две лица се тешко повредени во експлозија на магацин за огномет во бугарскиот град Елин Пелин. Се работи за 48-годишен маж и 20-годишна девојка. Двајцата се здобиле со изгореници од трет степен.
– Изгорениците од трет степен подразбираат оштетување на ткивото и кожата во состојба во која таа паѓа од телото – објасни директорот на Ургентниот центар, д-р Валентин Димитров.
Бугарскиот министер за внатрешни работи Калин Стојанов изјави дека има големи шанси во магацинот да има уште две лица.
Според првичните информации, пожарот избувнал во три магацини.
– Ситуацијата е многу сериозна. Станува збор за компанија која се занимава со пиротехнички производи. Има шест магацини кои се полни со такви производи. Пожарникарите досега успеаја да ги евакуираат сите тешко повредени лица – рече министерот.
Тој рече дека нема можност да се вклучат хеликоптери во гаснењето на пожарот.
-Доколку овие магацини се навистина полни, веруваме дека уште долго ќе гори и ќе татнат експлозии – рече Стојанов.
Според првичните информации, пожарот избувнал во три магацини.