More

    Горан Пандев распали по раководството на ФФМ

    spot_img

    Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) стана приватна федерација и мислам дека ако нешто не се промени наскоро, не само што нема да напредуваме како репрезентација, туку и ќе назадуваме.

    Ова го изјави легендарниот македонски сега веќе поранешен фудбалер Горан Пандев, кој пред десетина дена објави дека заминува во пензија.

    Тој во интервју за ТВ24 признава дека е разочаран од челниците на македонскиот фудбал.

    – Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат. Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме – изјави Пандев во „Студио 10“ на ТВ24.

    Поранешниот фудбалер на Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма, вели дека политиката има големо влијание во македонскиот фудбал.

    – Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите си заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот – дополнува Пандев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img