Google планира да почне да наплаќа за Search, најпопуларниот интернет пребарувач во светот. Причината за тоа, очекувано, е вештачката интелигенција.
Имено, со воведување на специјален премиум модел, матичната компанија на Google Alphabet сака да го заштити бизнисот. Бидејќи вештачката интелигенција е супериорна во однос на класичните алатки за пребарување и огласувачите автоматски се оддалечуваат од нив. Тоа значи пад на приходите, а падот на приходите значи преземање потези за да се компензира за тоа.
Но, како што пишува Фајненшл Тајмс, оваа вест наиде на бројни негативни реакции и критики бидејќи никогаш не се случило Google да воведе наплата за некоја од своите основни услуги. Затоа, може да биде „пробен балон“. Сепак, бројни конкуренти, пред се Бинг на Мајкрософт, се надеваат на овој потег бидејќи тоа би значело придобивање на бројни корисници кои сигурно не помислуваат да платат за нешто што отсекогаш било „бесплатно“.
Меѓутоа, доколку се реализира овој најавен план, Google Search ќе остане бесплатно, додека рекламите сè уште ќе се појавуваат заедно со резултатите од пребарувањето дури и за претплатниците. Но, наплатата ќе го означи првиот пат кога Google, кој со години нуди бесплатни кориснички услуги финансирани целосно од реклами, ги натера луѓето да плаќаат за подобрувања на основниот производ.
Поради ова се плашат и онлајн издавачите кои преку Search би добиле многу посети, но со вештачката интелигенција се добива без неа, информациите се прикажуваат директно. Секако дека нема да дозволат и ќе започнат правна битка доколку Google ќе заработи од нивната содржина без да им насочи одреден процент.