Американската технолошка компанија Alphabet ја исклучи услугата за информации за сообраќајот во Украина во реално време преку својот софтвер за навигација на мапи Google за да го заштити населението во времето на руската инвазија.
Компанијата соопшти дека ја презела мерката во консултација со украинските власти за да го заштити населението.
Google собира податоци за локацијата преку паметните телефони со Android и ги користи за да ги идентификува сообраќајните метежи или други големи тешкотии во сообраќајот.
Во Украина, ова овозможи во реално време да се следи дали цивилите се заглавени во сообраќаен метеж додека бегаат од налетот на руските војници.
Исклучувањето на сообраќајните текови е дел од пакетот мерки што Гугл ги лансираше минатата недела. „Нашиот тим за одговор на инциденти активно ја следи војната во Украина и работи 24 часа на ден, фокусирајќи се на безбедноста на нашите вработени, корисници и клиенти“, објави Гугл на Твитер.
Google обезбедува и техничка поддршка за заштита на украинските веб-страници од сајбер напади.
Alphabet не ги оневозможи примарните функции за навигација преку Google Maps во Украина.