Индиската полиција ослободи осомничен кинески гулаб шпион и го пушти во дивината по осум месеци притвор.
Неволјите на животното почнале во мај минатата година, кога било фатено во близина на пристаништето во Мумбај со два прстени врзани за нозете, носејќи порака што наводно е на кинески, објавија локалните медиуми, цитирајќи го Гардијан.
Полицијата се посомневала дека гулабот е вмешан во шпионажа и го испратила на ветеринар. Каде што беше откриено дека е тајвански тркачки гулаб над морето, кој избегал и полетал сè до Индија.
Иако изгледа бизарно, не е првпат вакво нешто да се случи во Индија. На пример, во 2020 година, полицијата во индискиот дел на Кашмир „уапси“ гулаб затоа што прелетал преку границата под контрола на индиската и пакистанската армија. На крајот се покажало дека сопственикот на гулабот бил пакистански рибар, а не шпион.
Меѓутоа, во 2016 година „уапсениот“ гулаб навистина претставувал закана бидејќи на неговата нога била пронајдена порака со закана за индискиот премиер Нарендра Моди.
Позитивниот дел од сите овие приказни за „уапсените“ гулаби е што тие беа ослободени по истраги, очигледно детални и сериозни.