More

    ГОЛОТ НА МЕСИ ВО ПРОДОЛЖЕНИЕТО – НЕРЕГУЛАРЕН!?

    spot_img

    Голот на Лионел Меси за Аргентина во продолжението на финалето на Светското првенство во Катар требаше да биде поништен, бидејќи на виделина излегуваат фотографии кои покажуваат дека тимот на Аргентина ги прекршил правилата на ФИФА, пишува британски „Мирор“, а меѓу првите што ја забележаа грешката беше францускиот спортски весник „Л`екип“.

    Јужноамериканците, кои водеа со 2-0 во регуларното време, пред Килијан Мбапе да изедначи и да издејствува продолженија, поведоа уште еднаш со гол на Меси во второто полувреме од судиското продолжение.

    Но во моментот кога беше постигнат голот, во обид да бидат што поблиску за евентуално славење на водството, двајца резервни играчи на аргентинската репрезентација, облечени во портокалови елеци, влегле на теренот, што е строго забрането според правилата на ФИФА. Во оваа ситуација, полскиот судија Шимон Марчинијак требаше да не го признава голот и да даде слободен удар за Французите и да го задржи резултатот на 2-2.

    Официјалните правила на ФИФА велат:

    „Ако, по постигнат гол, судијата забележи, пред да започне играта, дека имало дополнително лице на теренот кога бил постигнат голот, судијата мора да го поништи голот“.

    Францускиот весник Л’екип беше меѓу првите што ја забележа грешката и не ги криеше своите чувства:

    Ако доследно се применуваат правилата, голот на Меси требаше да биде поништен. Додека Меси шутира, двајца возбудени аргентински резервни играчи, нестрпливи да слават, веќе се на теренот! Што е строго забрането“ – кометнира „Л’екип“ под фотографијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img