More

    Големите поплави предизвикаа хаос во Европа. Најмалку осум лица загинаа

    spot_img

    Осум мртви, уште исчезнати, илјадници евакуирани, се последиците од циклонот Борис, кој ја пустоши централна и источна Европа со дождови и катастрофални поплави. Реките надобија во Полска, Романија, Австрија и Чешка.

    Дунавскиот канал во неделата се излеа од коритата во центарот на Виена.

    Пожарникар во североисточна Австрија загина во поплава додека земјата беше зафатена од поројни дождови што ја погодија централна и источна Европа, соопштија властите.

     

     

    U

     

    Пукна брана во Полска
    Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата влада ќе прогласи состојба на природна катастрофа додека се бори со разорните поплави.

    „По консултација со надлежните министри и служби, наредив да се подготви указот на Советот на министри за воведување состојба на природна катастрофа“, напиша Туск на X.

    Браната во Строние Шлаские во областа Клоџка попушти под притисок на водата, објавија полските медиуми. На некои места под притисок на водата беа уништени понтонски мостови. Хеликоптери почнаа спасувачки операции за евакуација на населението.

    Поројот го однел автомобилот со родители и деца
    Како што пренесуваат локалните портали, во градот Гологлови во Полска автомобил во кој се превезувале родители и две деца бил однесен од порој. Автомобилот бил на пат, но поројот дошол толку брзо и бил толку силен што не можеле да излезат од автомобилот. За среќа, пожарникарите успеале да го спасат семејството.

    Пустош по повлекувањето на водата во Чешка
    Жител на Крнова во Чешка на Фејсбук објави фотографија од својот град. Првите слики по повлекувањето на водата откриваат пустош – улиците се покриени со кал, шут и гранки, асфалтот е искршен.

    – Нема струја, нема топла вода, а некои ќе останат без ладна вода, изјави еден од мештаните на Фејсбук и прикачи ноќни фотографии од поплавениот град.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img