Големи поплави во Србија, вонредна состојба во повеќе места

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Видео од маж кој се обиде да спаси сограѓанин кој е однесен од надојдената Трнавица во Нови Пазар ја потресе Србија. На видеото од надзорната камера од блиската куќа се гледа дека млад човек истрчал до мостот и се обидува да му ја подаде раката на давеникот, но оградата пука и водата ги однесува двајцата. Неофицијално, се работи за татко и син.

 

 

Вонредна состојба е прогласена во српските градови Пријепоље, Сјеница и Нови Пазар поради обилни дождови и излевање на реки. Во Нови Пазар се трага по две лица. На реката Лим е изграден уште еден насип за заштита на селото Бродарево. Реката Бјелица се излеа и во драгачевските села, како и реките во Чачак и Тутин. Се излеа и Ибар во Косовска Митровица, а над 50 куќи во општина Звечан се поплавени, јавија српските медиуми.

– Ситуацијата е најтешка во последните 50 години. Имаме големи проблеми со поплавите, а нивото на реката Ибар расте речиси на сите точки. Сè е во опасност. Поплавени се повеќе од 50 куќи, моментално најмногу тешко е во Грабовац, каде имаше голем одрон кој исто така ги откорна бандерите и среќа е што тие не паднаа врз куќите, бидејќи ќе имаше жртви, изјави Владан Радомировиќ, команддир на противпожарната станица во Звечан.

Тој посочи и дека се ангажирани сите тимови, но и дека надлежните служби не можат сè да постигнат бидејќи постојано добиваат нови пријави од граѓаните.

Патот кој води од северна Косовска Митровица и Звечани кон Зубин Поток е блокиран поради свлечиште и во моментов е непрооден, а како што јави Косово онлајн, во тек се обиди за негово оспособување и се очекува дополнителна механизација.

Share This Article