Бројни ѕвезди од светот на уметноста и спортот синоќа се собраа во Њујорк, каде се одржа Мет Гала, а учесниците имаа можност да се сретнат и да разговараат. Меѓу нив, холивудската суперѕвезда Ен Хатавеј била воодушевена од своето ново познанство.
Имено, актерката во еден момент имаше можност да го запознае Даниел Рикиардо, кој до минатата година возеше за Ф1 тимот на Мекларен.
Насмевката од уво до уво и ококорените очи беа доволен знак дека Хатавеј била импресионирана од Рикиардо. Нивната средба накратко ја снимиле камерите, а на снимката се слуша како актерката вели дека го следи светот на „најбрзиот циркус на светот“.
“Леле! Јас сум голем навивач на Формула 1“, рече Хатавеј скршено, а потоа продолжи по својот пат.
Рикиардо моментално не е базиран во Формула 1, а моментално е тест возач на тимот на Ред Бул.