More

    Голем скандал ја тресе Јапонија

    spot_img

    Ако ви дојде при рака суплемент за холестерол и за притисок од јапонската фирма „Кобајаши фармасеутикал“, на основа на ферментиран ориз, немојте ни да помислите да го пробате.

    Главните извршни директори на јапонскиот производител на лекови „Кобајаши фармасеутикал“ поднесоа оставка, преземајќи ја одговорноста за контаминација на додаток во исхраната што можеби уби 175 луѓе, соопшти јапонското Министерство за здравство, а објави Би-Би-Си.

    Во март „Кобајаши фармасеутикал“ објави дека ужалените семејства пријавиле 5 смртни случаи поврзани со редовното консумирање на додатокот од ферментиран ориз „бени коџи“.

    Оризот „бени“ се ферментира со додавање мувла. Се рекламира како додаток во исхраната кој ги намалува високиот холестерол и крвниот притисок, но широко се користи и како боја за прехранбени производи. По консумирањето, клиентите пријавиле во компанијата симптоми како што се промена на бојата на урината, отоци на екстремитетите и замор.

    Кон крајот на јуни, Министерството за здравство предупреди дека бројот на смртни случаи, потенцијално поврзани со конзумирањето на производот, е значително поголем, а на почетокот на јули соопшти дека семејствата пријавиле 175 смртни случаи веројатно поврзани со потрошувачката на фармацевтски производи „Кобајаши“.

    Според Министерството, 492 лица биле хоспитализирани по консумирање на ферментирани производи од ориз на „Кобајаши фармасеутикал“, вклучително и 291 со проблеми со бубрезите. Компанијата објави дека открила потенцијално токсична киселина, произведена од мувла во процесот на ферментација, и започна истрага за 76 смртни случаи.

    Компанијата во вторникот објави дека главниот оперативен директор и претседател, Акихиро Кобајаши, и извршниот директор и претседател на одборот, Казумаса Кобајаши, двајцата членови на основачкото семејство, поднеле оставка.

    „Одлуката е донесена за да се разјасни извршната одговорност“, соопшти „Кобајаши фармасеутикал“, изразувајќи сочувство до семејствата на починатите и извинувајќи им се на клиентите и на партнерите.

    Компанијата потврди дека продала или испорачала таблети од ориз „бени“ на педесетина домашни компании и две компании во Тајван.

    Тајванските компании отповикаа 154 производи кои ја содржат оваа состојка како мерка на претпазливост, јави Би-Би-Си.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img