More

    Голем руски напад врз украинските централи низ целата земја: Милиони без струја

    spot_img

    Русија изврши голем ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина.

    Во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк утринава одекнаа експлозии, јавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилна, наведувајќи дека се работи за напад со руски крстаречки проектил.

    Украина затвори неколку нуклеарни реактори по руските напади врз енергетската инфраструктура, изјави извор од украинската енергетска индустрија за Ројтерс.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија употребила касетна муниција во масовниот напад врз енергетската инфраструктура на Украина во текот на ноќта, опишувајќи го како „многу гнасна ескалација на руските терористички тактики“.

    Во пораката објавена на Телеграм, украинскиот претседател рече дека во нападот биле вклучени околу 100 беспилотни летала и 90 проектили, додавајќи дека употребата на касетна муниција, конкретно за цивилна инфраструктура, е забележана во неколку региони. „Тие делови им отежнуваат на нашите спасувачи да ги елиминираат последиците од нападот и ова е многу гнасна ескалација на руските терористички тактики“, рече тој.

    Касетната муниција е опасна поради последиците за цивилите дури и по воените операции, бидејќи добар дел од нив не се активира веднаш.

    Претходно властите во Украина објавија дека најмалку еден милион луѓе останале без струја. Остатоци од проектили биле пријавени на две локации во Киев, но локалните власти тврдат дека противвоздушната одбрана ги пресретнала сите проектили истрелани кон главниот град. Многу други региони пријавија штета.

    Во својата порака, Зеленски го повтори апелот на Украина за подобра воздушна одбрана, велејќи: „Секој таков напад докажува дека системите за противвоздушна одбрана сега и се потребни на Украина, каде што спасуваат животи, а не во бази за складирање. Ова е особено важно во зима, кога треба да ја заштитиме нашата инфраструктура од насочени руски напади. Постојано работиме со партнерите за сега да имаме поголема одбранбена моќ и навремена испорака, а најпотребна е целосна имплементација на договорот, особено за противвоздушна одбрана“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img