Голем пожар денеска избувна кај Шибеник во Далмација. Пожарот го гаснат 79 пожарникари со 28 противпожарни возила и шест противпожарни авиони канадери, но тој сѐ уште не е ставен под контрола.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, пожарот забрзано се шири поради силниот ветер од јужен правец. Сообраќајот на тој дел од Јадранската магистрала е затворен, загрозен се и куќите што се во близина.
Читател за локалниот портал Далмација Данас изјави дека состојбата на терен не е добра.
-Гледам дека над огнот има три канадери, но со толку силен ветер засега пожарот не може да се стави под контрола, вели тој.
Силниот ветар го отежнува гаснењето на големиот пожар што избувна денеска околу 11:10 часот во местото Горњи Бановци кај Гребаштица во Шибеничко-книнската жупанија.
Според командантот на Јавната противпожарна бригада на Шибеник, Волимир Милошевиќ, пожарот ни приближно не е ставен под контрола или локализиран.
Пожарот се доближил до куќите, поради што превентивно се евакуирани две семејства. Во пожарот изгоре автомобил на семејство од Германија, но тие се на безбедно, пренесува порталот Шибеник.ин.
Ситуацијата на терен е се потешка, информираат локалните медиуми.
-Луѓето бегаат од апартманите, но не знаат каде да бегаат. Паника е, се мириса и ништо не се гледа од чадот, изјави читателка за порталот.