Голем пожар избувна денеска во седумкатница во центарот на Сиднеј по што се урна дел од зградата.
Зградата за среќа била празна. Запалени делови од неа почнале да паѓаат на земја, предизвикувајќи паника во областа Сари Хилс, во близина на централната деловна област на градот.
Пожарот избил на третиот кат од зградата и се проширил на целатa зграда.
„Од секој прозорец излегува пламен, веројатно најголем пожар што сум го видел во животот“, гласи еден од коментарите на загрижените граѓани.
Пожарот гори со часови. Локалната противпожарна единица многу тешко се справува со него. Пожарот почнал да се шири кон соседните станбени згради. Уништено и најмалку едно возило во областа.
Повеќе од 100 пожарникари со повеќе од 20 возила се обидуваат да го стават под контрола пламенот.
Областа каде што гори зградата е евакуирана, соопшти државната противпожарна служба.