Голем пожар избувна во облакодер во централниот кинески град Чангша, јавија државните медиуми, додавајќи дека засега не е познат бројот на жртви. Се работи за зградата на „Чајна Телеком“, државната телекомуникациска компанија. Зафатени се десетици катови, пренесува Гардијан.
„Голем чад се шири од локацијата, а неколку десетици ката жестоко горат“, објави државната телевизија Си-Си-Ти-Ви.
„Пожарникарите почнаа да работат на гаснење на пламенот и на спасување на местото на настанот“, се додава.
Пожарот зафатил висока зграда во која се наоѓала канцеларија на државната телекомуникациска компанија „Чајна Телеком“, се вели во извештајот.
Чангша, главниот град на провинцијата Хунан, има население од околу 10 милиони.