Актерката Џенифер Анистон блесна во полн сјај на доделувањето на SAG наградите. Популарната холивудска актерка на црвениот тепих се појави во елегантен фустан со голем шлиц и длабоко деколте, но вниманието го привлече огромниот дијамантски прстен на нејзината рака.
Прстеното покрена лавина шпекулации дека актерката е вљубена и решила по трет пат да застане на „лудиот камен“. Иако никој не знае дали актерката воопшто е во врска, сепак, дијамантскиот прстен покрена гласини за тајна свршувачка.
Во последните пет години, Џенифер не била забележана во врска, а во едно интервју пред две години изјави дека не размислува за брак.
– Никогаш не велам никогаш, но засега не сум заинтересирана за брак – изјави актерката и призна дека би сакала да има врска со некого кој би ѝ бил партнер и би ѝ бил поддршка во животот.
– Сакам да бидам во врска… Којзнае? Има мигови кога сакам само да се стуткам и да речам: „Ми треба поддршка“. Би било прекрасно да си дојдеш дома и да се фрлиш во нечија прегратка, па да речеш: „Ова беше навистина тежок ден“- ијзави Џенифер Анистон пред две години.
Славната актерка зад себе има два неуспешни брака. Таа беше во брак со Бред Пит од 2000-та до 2005-та година, а во 2012-та се сврши со нејзиниот втор сопруг Џастин Теру, со кого се разведе во 2018-та година.