More

    Голем астероид денес поминува покрај Земјата – и тоа се случува еднаш на секои 10 години

    spot_img

    Голем астероид денеска ќе помине меѓу Земјата и Месечината, а овој феномен, нормално безопасен за населението, се случува еднаш на десет години, пренесува француската агенција.Според проценките, астероидот со име „2023 DZ2“ има пречник меѓу 40 и 70 метри, што е доволно да уништи голем град доколку удри во Земјата.

    Во 19:49 часот по средноевропско време, астероидот ќе биде најблиску до Земјата, помалку од една третина од растојанието што ја дели Земјата од Месечината.

    Извори блиски до ЕСА изјавија дека нема причина за загриженост и додадоа дека астероидот првпат бил забележан на 27 февруари.

    Ќе помине на околу 175.000 километри од Земјата, со брзина од 28.000 километри на час.

    Мали астероиди минуваат над нашите глави секој ден, но поминувањето на толку голем и толку блиску до Земјата се случува само на секои десет години, соопшти ЕСА.

    Меѓународната мрежа за предупредување за астероиди одлучи да ја искористи таквата близина за да го анализира астероидот користејќи низа инструменти како што се спектрометри и радари.

    Според пресметките на астрономите, астероидот повторно ќе ја помине Земјата во 2026 година, но на поголема оддалеченост.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img