Ѓоковиќ во хит-видео држи лекција за парите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Tennis - French Open - Roland Garros, Paris, France - May 29, 2023 Serbia's Novak Djokovic reacts during his first round match against Aleksandar Kovacevic of the U.S. REUTERS/Clodagh Kilcoyne

Новак Ѓоковиќ во својата тениска кариера од настапите има заработено околу 170 милиони долари, а севкупно над половина милијарда, но најдобриот српски тенисер постојано нагласува дека не заборавил од каде доаѓа, ни како е кога семејството има нула на салдо.

Видеото од минатогодишниот завршен Мастерс повторно стана хит и лекцијата на Ѓоковиќ за парите повторно е хит на социјалните мрежи. Новак Ѓоковиќ пристапи како што секогаш прави, директно на малку провокативно прашање кое, пред се, беше лошо срочено.

– Ги гледам информациите од АТП, тие покажуваат дека заработуваш повеќе од Господ, ако ја освоиш титулата овде ќе заработиш 4.740.000 долари. Дали ти се на ум доларите за време или по натпреварите?, го праша српскиот тенисер, новинар од Австралија.

А, Новак Ѓоковиќ на тоа одговара во свој стил

– Не, само евра. Само евра и динари, се пошегува српскиот тениер.

– Ибрахимовиќ кажа нешто, само што го гледав пред некој ден, тој тогаш играше за Лос Анџелес Галакси. Новинарот го праша дали ќе одбие 100 милиони за да се пресели во друг клуб, а тој рече „би одбил“. Новинарот потоа рече: „Но тоа се многу пари, зарем не е толку важно“. Тој рече, само да се сетам што рече…Парите не се важни, многу пари се важни, а 100 милиони не се доволни (се смее). Беше доста смешно, не дека јас на тоа гледам на тој начин, низ насмевка изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер кој е рекордер со освоени 23.Грен слем титули, од тениските настапи досега во кариерата има заработено околу 170 милиони долари или попрецизно 169.762.762 долари. Ако на тоа се додадат уште 340 милиони од спонзорски договори, вкупната цифра е околу 510 милиони долари.

Српскиот тенисер покрај сите заработени милиони има посебен став за парите

– Сепак, тоа е информација од јавен карактер, секој може да види колку заработуваме, медиумите не пишуваат за даноци и други трошоци, но тоа е во ред. Не можам да седам овде и да зборувам за пари како да ми се проблем во животот. Бев благословен и среќен поради тоа, тоа дојде како резултат на мојот тенис и успехот што го имав со семејството и тимот. Секое евро што го заработив беше со труд, пот и солзи, ништо не земам здраво за готово бидејќи знам какво е чувството кога пет члена од семејството имаат нула на сметката, војна, санкции… Да не заборавиме каде доаѓам и во кој период пораснав. Точно ја знам и спротивната страна. Тоа ми помага повеќе да ценам се што сум заработил во животот – вели Новак Ѓоковиќ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article