More

    Ѓоковиќ во бес ги искрши рекетите, па им се извини на гледачите

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ го совлада Холгер Руне (2:1) по голема битка на завршниот Мастерс во Торино. Српскиот тенисер со таа победа успеа да го „одбрани“ првото место на АТП листата до крајот на 2023 година и по осми пат во кариерата да ја заврши календарската година како најдобар во светот.

    Но, за да стигне до победата, чесно се намачи против инспирираниот Данец.

    Не само што Руне го играше можеби најдобриот тенис во кариерата, туку и Ѓоковиќ беше нервозен. Лошо го одигра крајот на вториот сет и му го „подари“ тајбрејкот на својот ривал (7:1), а потоа продолжи да греши и во третиот сет. Само што направи брејк, го остави Руне да се „врати“ на ист начин во следниот гем, по што настрадаа два рекети.

    Откако го загуби гемот со 2:2 во третиот сет, Новак Ѓоковиќ се приближи до клупата за одмор и таму прво го скрши едниот, па потоа и другиот рекет. Дополнителни пцовки немаше, но бесот на најдобриот светски тенисер на своја кожа го почувствува камерманот кој се  приближи за да ја сними „хаваријата“ што ја направи Ѓоковиќ.

     

    Сепак, Новак Ѓоковиќ по мечот ја увиде грешката и се извини за таквиот излив на гнев и особено им се обрати на децата бидејќи смета дека тоа не е вистинскиот пример за нив.

    -Им се извинувам на децата што гледаа! Сакав веднаш да го добијам првиот мечот и да ја обезбедам „број 1“ позицијата на крајот на годината. Сам си го ставив тој  притисок, но успеав и се „растеретив“ за продолжението на турнирот – рече  Ѓоковиќ, кој утре ќе игра против домашниот тенисер Јаник Синер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img