More

    ЃОКОВИЌ ВО 2011 ГОДИНА МУ ПОСВЕТИ ОБЈАВА НА ДИДИ

    spot_img

    Во последните денови апсењето на познатиот американски рапер Шон Диди Комбс, познат и како Пи Диди, привлече големо внимание кај јавноста и медиумите. Сите познати личности кои се дружеа со него сега се на удар на критики, кои не го заобиколија ниту српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

    Имено, уште од 2011 година е познато дека Новак и уапсениот рапер се познаваат. Пи Диди тогаш присуствувал на УС Опен за да му даде поддршка на Ѓоковиќ во неговиот натпревар против Роџер Федерер. По натпреварот, тенисерот на прес-конференцијата потврди дека музичарот го познавал од претходно.

    – Беше одлично што го имавме таму. Се запознавме на една забава, но за деталите не можам да зборувам. Беше забавно. Тој очигледно е огромна ѕвезда во шоубизот, успешен е и има силен карактер. Мислам дека начинот на кој тој ме поддржа беше многу интересен – изјавил тогаш Новак, кој го победи Федерер.

    И на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, му се заблагодари на Диди за поддршката и додаде дека неговиот тим мисли дека раперот е „многу кул“. Корисниците на оваа социјална мрежа сега ја пронајдоа неговата објава и ја коментираа.

     

    „Избриши го тоа, подобро за тебе“, „Дечко, ти си во неволја“, се дел од коментарите под објавата стара 13 години.

     

    Имаше и такви кои застанаа во одбрана на Ѓоковиќ. „Сите сега прават голема работа од ова, но верувам дека Новак не знаел со какви работи се занимава Диди во тоа време“, „Луѓе, сите ние порано мислевме дека Диди е супер лик“, напишаа тие.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img