Ѓоковиќ в недела против Алкараз на Вимблдон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новак Ѓоковиќ го совлада  Италијанецот Лоренцо Мусети (3-0) за пласман во големото финале на Вимблдон. Ѓоковиќ се уште е без освоен турнир во оваа 2024 година, но откако ги надмина проблемите со повредата тој влезе во посакуваниот ритам и игра беспрекорно на британскиот гранслем.

За Ѓоковиќ ова беше 49. полуфинале на гранслем турнирите, а победата значи и 37. големо финале за Новак на најголемите четири тениски турнири во светот.

Денешниот дуел со Мусети мина во целосна контрола на Ѓоковиќ кој знаеше како да ги искористи своите шанси за да стигне до победата. Ѓоковиќ без поголеми проблеми го совлада Музети, не загуби ниту еден сет. Првиот го доби со 6-4, во вториот се играше тајбрејк кој го доби Новак со 7-2, во третиот сет беше подобар со 6-4 за триумф од 3-0.

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз ќе играат во недела во големото финале на Вимблдон, што ќе претставува реприза на ланскиот меч за титулата на Вимблдон меѓу двајцата тенисери.

Share This Article