Ѓоковиќ со потег ја изненади госпоѓата на трибините и ја забавуваше публиката (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ побрзо отколку што се надеваше си обезбеди пласман во третото коло на Мастерсот во Синсинати, а патем успеа да ја забавува публиката.
Новак Ѓоковиќ побрзо отколку што се надеваше си обезбеди пласман во третото коло на Мастерсот во Синсинати, а патем успеа да ја забавува публиката.
Српскиот тенисер го заврши настапот за помалку од еден час, откако го доби првиот сет со резултат 6:4, Алехандро Давидович Фокина го предаде мечот поради повреда. Ѓоковиќ одлично се забавуваше во првиот сет.
Една госпоѓа од првите редови доби бакнеж од Новак директно во камерата на нејзиниот телефон и не можеше да поверува дека тоа се случило.
А кога повторно го замолила Новак, велејќи му „уште еднаш, уште еднаш“, за сето тоа да го сними, желбата и се исполнила. Сето тоа таа го прослави со кревање раце.