More

    Ѓоковиќ прогласен за ас од францускиот весник „Екипа“

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист во светот во изминатата година во изборот на престижниот француски дневен весник „Екипа“. (L’Equipe). Во изминатата година, Ѓоковиќ играше во финалето на сите четири Грен слем турнири и освои три – Австралија опен, Ролан Гарос и УС Опен.

    Ова го направи тенисер со најмногу грен слем титули во историјата – 24. Покрај тоа, тој ги освои Мастерсот во Синсинати и Париз, и завршниот Мастерс во Торино, а годината ја започна со триумф во Аделаида.

    Ѓоковиќ годината ја започна како четврти тенисер во светот, а ја заврши како прв, меѓу другото, пробивајќи ја границата од 400 недели на врвот на АТП листата.Француска „Екипа“ на Ѓоковиќ му да повеќе поени од вториот и третиот спортист на листата – пливачот Леон Маршанд и возачот Макс Верстапен.

    Во првите десет се и атлетичарот Ноа Лајлс, рагбистот Сија Колиси, скијачот Марко Одермат, биатлонецот Јоханес Бо, велосипедистите Тадеј Погачар и Матје ван дер Поел, како и фудбалерот Ерлинг Халанд.

    Најдобрата спортистка на светот во изборот „Тим“ е американската гимнастичарка Симоне Билес, која триумфираше пред скијачката Микаела Шифрин.

    По нив следат пливачката Кејти Ледеки, фудбалерката Аитана Бонмати, велосипедистката Деми Валеринг, спортистите Фејт Кипјегон и Шерика Џексон, фудбалерката Џенифер Хермосо, атлетичарката Тигист Асефа и велосипедистката Лоте Копецки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img