Ѓоковиќ престана да тренира: Не сакав ништо да ризикувам

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
January 11, 2023: Novak Djokovic practising on Rod Laver Arena ahead of the 2023 Australian Open in Melbourne, Australia. /Cal Media USA - ZUMAc04_ 20230111_zaf_c04_052 Copyright: xSydneyxLowx

Најдобриот српски тенисер превентивно го прекина спаринг тренингот.

Остануваат уште пет дена до почетокот на Австралија опен, а Новак Ѓоковиќ со триумфот во Аделаида покажа дека е во одлична форма. Србинот има голем мотив да освои уште една титула во Мелбурн, меѓу другото и поради добро познатите настани од минатата година.

Сепак, додека спарираше со Данило Медведев на „Род Лејвер Арена“ почувствува болка, па мораше да прекине со тренинзите по само 36 минути. И секако тоа беше аларм за навивачите на Новак во пресрет на Австралија опен. Но, најдобриот српски тенисер веднаш одговори за што се работи:

„Тоа е тетива со која имав проблем во Аделаида и минатата недела. Само почувствував дека влече и не сакав да ризикувам ништо полошо. Го одиграв сетот и му се извинив на Медведев. Имаше разбирање. Само сакам да избегнам поголеми стравови пред Австралија опен“, изјави Ѓоковиќ за „Мелбурн њуз“.

Share This Article