More

    Ѓоковиќ потврди дека има уште желба за натпреварување

    spot_img

    Дваесет и еднократниот Грен слем шампион Новак Ѓоковиќ призна дека е решен да продолжи да игра тенис.

    – Сè уште сакам да играм тенис, иако постигнав речиси сè што може да се постигне во него. Сè уште имам страст и желба да играм на највисоко ниво. Бев решен да играм во Лејвер купот и сакав да играм понатаму, па Тел Авив беше совршен избор за мене – ги цитира „Тенис365″ зборовите на 35-годишниот Ѓоковиќ.

    Српскиот тенисер ги сподели и своите очекувања од турнирот во Тел Авив.

    – Не сум бил тука долго време и заборавив многу, па дефинитивно ќе се вратам повторно. Се надевам дека ќе играм добро овде и ќе видам колку луѓе доаѓаат да ги гледаат моите натпревари – додаде тој.

    Ѓоковиќ учествува на турнирот од категоријата АТП-250 во Тел Авив (Израел). Тој ќе настапи не само во сингл, туку и во двојки, заедно со израелскиот тенисер Џонатан Ерлих.

    Турнирот ќе трае од 26 септември до 2 октомври.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img