Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на Грен – слем турнирот во Вимблдон, откако вечерва во четири сета го совлада Британецот Камерон Нори

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во финалето на Грен – слем турнирот во Вимблдон, откако вечерва во четири сета го совлада Британецот Камерон Нори со 2-6, 6-3, 6-2, 6-4.

Полуфиналето траеше два часа и 34 минути, а Ѓоковиќ ја искористи првата меч топка.
Со триумфот над домашниот тенисер, Ѓоковиќ постави рекорд и го обезбеди своето 32 грен – слем финале во кариерата, едно повеќе од Роџер Федерер, а три повеќе од Рафаел Надал.

В недела Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до својата 21 грен – слем титула, седма во Вимблдон, на кој нема загубено натпревар од четвртфиналето во 2017 година.

Против себе ќе го има 27-годишниот Кирјос, кој прв пат во кариерата мина четвртфинале на грен – слем турнирите и во досегашните два меѓусебни дуели беше подобар од Ѓоковиќ.

Share This Article