Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Дубаи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа денеска да се пласира во полуфиналето на турнирот во Дубаи, откако загуби од Чехот Јиржи Весели со 6-4, 7-6.

Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Весели, меѓу првиот и 123-то рангираниот на АТП листата, траеше речиси два часа.

Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи го загуби и првото место на АТП листата, кое од понеделник ќе го преземе Русинот Данил Медведев.

Српскиот тенисер мина на врвот на АТП листата рекордни 361 недели.

Share This Article