Ѓоковиќ не стигна до 100-та титула, но го виде ривалот во публиката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ не успеа да го крене пехарот во Шангај и да стигне до 100-та титула во кариерата. Во финалето загуби од Јаник Синер (7:6, 6:3). Италијанецот уште еднаш покажа зошто е рекет број еден во светот, а мечот од трибините го следеа Роџер Федерер и Карлос Алкараз.

Кога го доби пехарот што му припаѓа на финалистот, Новак застана пред микрофонот и му се обрати на својот голем ривал.

– Исто така, убаво е да се види Роџер. Не сум навикнат да те гледам на трибините, би сакал да си тука на теренот и да можеме да играме – започна Новак, на што Федерер одговори со насмевки и кимна со главата.

Потоа се пошегува со него.

– Веројатно е прв пат да играм пред вас, па имав дополнителен притисок. Навистина е одлично што бевте тука, Алкараз како и Фереро. Ви благодариме што сте тука – изјави Ѓоковиќ.

 

Share This Article