Најдобриот светски тенисер се враќа на турнирите, првиот предизвик започнува на 27 февруари во Дубаи (серија 500).
Новак Ѓоковиќ од четвртокот од пристигнувањето во Обединетите Арапски Емирати одработи неколку тренинзи, а после тоа реши да се опушти на плажа.
Откако дозна за својот пат до титулата во Дубаи, Новак играше фудбал со децата на плажа и со тоа ги воодушеви сите фанови.
Во еден момент тој славеше со децата откако неговиот тим постигна гол.
Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со неколку предизвици на турнирот во Дубаи од 27 февруари до 4 март, но на Емиратите пристигна со многу оптимизам.