Новак Ѓоковиќ победи во финалето на завршниот Мастерс турнир во Торино и испиша нова историја со рекордна 7.титула. Големиот триумф веднаш по мечот го прослави во прегратка со неговите најмили, синот Стефан и ќерката Тара.

-Пристигнаа моите деца. Тие ми даваат сила и ми ја зголемуваат самодовербата. Секој родител знае како се чувствувам. Пресреќен сум што се тука, тие се мојата среќна амајлија – рече Новак Ѓоковиќ.
Нежната фамилијарна сцена на најдобриот светски тенисер беше во фокусот на камерите. Белег на финалето оставија и повиците за поддршка од малиот Стефан и двата збора кои одекнаа во „Пала Алпитур“. Синот на Ѓоковиќ во текот на целото финале викаше „Ајде Ноле“
– Секако дека го слушнав него и неговите извици. Малку ми е чудно што дофрлаше „Ноле“, а не тато, што обично го прави – се насмеа Ѓоковиќ по прес-конференцијата.