More

    Ѓоковиќ го опиша противникот во финалето во Париз

    spot_img

    Во финалето на АТП турнирот во Париз од серијата „Мастерс 1000″ денеска ќе играат 35-годишниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и 19-годишниот Холгер Руне од Данска.

    Руне во првото саботно полуфинале го надигра Феликс Оже – Алијасим со 6-4, 6-2, додека Ѓоковиќ беше поуспешен од Стефанос Циципас со 6-2, 3-6, 7-6.

    Финалето во Париз ќе биде втор меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Руне, а српскиот тенисер победи во првиот.

    Ѓоковиќ изнесе комплименти на адреса на Руне, предвидувајќи му на данскиот тенисер успешна професионална кариера.

    – Малку ме потсетува на мене, има солиден бекхенд, многу добра одбрана и компетитивен е. Во секој поен ги остава срцето и нозете на теренот. Добар е за нашиот спорт – изјави Ѓоковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img