Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ буквално го избрка неговиот брат Марко Ѓоковиќ од трибините заедно со неговите двајца агенти. Со зборовите „Излегувај!“ на драматичниот меч со Себастијан Корда, Ѓоковиќ го изгуби трпението по првиот сет кој го загуби со 10:8. Марко беше забележан како си оди од трибините, пишува Тенис инфинити.
Подоцна, кон средината на вториот сет, Марко се врати на трибините. На крајот, после неколку пресврти, Ѓоковиќ победи во мечот, а му се извини на својот брат.
– Мојот брат Марко е тука, не е често со мене на натпревари, ти благодарам и те сакам. Неверојатна недела и ова е одличен подарок за мене и дадов сè за да можам да го подигнам овој пехар. Поддршката што ја чувствував – беше неверојатно. Ретко сум се чувствувал така во кариерата… Се чувствував како да играм по дома и ме натера да се чувствувам фантастично – рече Ѓоковиќ.
Тој особено го пофали својот противник, младиот Себастијан Корда.
– Бевте поблиску до победата, одлучуваа една или две топки, но иднината е пред вас, вие сте извонреден играч – додаде Ѓоковиќ поради фантастичниот сервис на младиот Американец.
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ се повреди на мечот против Данило Медведев во саботата, но „стисна заби“ и играше, додека силното сонце во Аделаида му попречи во првиот сет.