Светскиот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ би сакал да ја посети Македонија и да одигра партија против Калин Ивановски, најдобриот млад македонски тенисер. Во интервју за Макфакс Ѓоковиќ рече дека Ивановки е одличен тенисер и дека би сакал да го повика во Белград и да му даде одредени совети.
– Сакам да заиграм во Скопје. Во Македонија сум бил како мал, но би сакал да одиграм една партија тенис со новата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски. Калин е одличен тенисер. Тоа е високо и добро момче, кое има одлична игра. Ќе го повикам на тренинзи во Белград за да изградиме однос, по што ќе му помогнам да стигне до некои тениски височини и се надевам дека ќе успеам во тоа – изјави Ѓоковиќ за Макфакс.
Калин Ивановски успеа да стигне до четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон.