Годишната стапка на инфлација во Турција во септември се зголеми  на 61,5%

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Годишната стапка на инфлација во Турција во септември се зголеми  на 61,5%, објави денеска Турскиот институт за статистика – Туркстат.

Августовската инфлација во оваа земја изнесуваше  58,9%/.

Како што е наведено на веб-страницата на оваа организација, во септември најмногу пораснале цените на услугите во хотелите, рестораните и кафулињата – за 92,4%, како и во секторот образование – 80,9% и во здравствениот сектор – 79,8%.

Најмалку се зголемени трошоците за домување – за 20,1%, облеката и обувките за 32,5%, како и во областа на комуникациите – за 46,6%.

На месечно ниво цените се зголемени за 4,75 отсто во однос на август.

Share This Article