Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари се искачи на 67,07%

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари се искачи на 67,07%, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат. Инфлацијата во Турција е највисока во последните 15 месеци.

Највисок годишен раст на цените е забележан во комбинираниот сектор хотели, кафулиња и ресторани од 94,78%, потоа образование со 91,84%, додека стапката за здравство е 81,25% и транспорт 77,98%, покажуваат податоците на Заводот за статистика.

Потрошувачките цени на храната и безалкохолните пијалаци во февруари скокнаа за 71,12% во однос на истиот период од претходната година и забележаа изненадувачки голем месечен раст од 8,25%.

Годишната базна стапка на инфлација во Турција исто така забрза во февруари, од 70,48 отсто во јануари на 72,89 отсто.

На 22 февруари Централната банка на Турција (TCMB) одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 45%. Претходно, почнувајќи од јуни 2023 година, банката 8 пати  ја зголеми референтната каматна стапка за вкупно 3.650 базични поени.

Централната банка на Турција објави дека референтната каматна стапка ќе остане на сегашното ниво додека не дојде до значителен и одржлив пад на основниот месечен тренд на инфлација.

Share This Article