Годинешниот Евросонг, кој ќе се одржи во Ливерпул, ќе го носи слоганот „обединети од музиката“, додека на логото се гледаат две срца како чукаат заедно.
Како што пишува Би-Би-Си, логото ги отсликува корените на фестивалот, кој е дизајниран да ја обедини Европа.
Поради ситуацијата во Украина, овогодинешната Евровизија ќе се одржи во Ливерпул, иако на минатогодишниот натпревар победија украинските претставници Калуш Оркестар.
Знамињата на Велика Британија и Украина послужија како инспирација за логото.
Полуфиналето на овогодинешната Евровизија ќе се одржи на 9 и 11 мај, додека финалето на 13 мај.