Годинава се потпишани се нови 277 договори со инвеститори според  Законот за финансиска поддршка на инвестици за што се исплатени 23 милиони евра

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Годинава се потпишани се нови 277 договори со инвеститори според  Законот за финансиска поддршка на инвестици за што се исплатени 23 милиони евра. Годинава е забележано инвестирање во повеќе региони. Надвор од Скопје инвестирале 232 компании  кои добиле поддршка од државата, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на прес-конференција во Владата на која ги презентираше исплатите за државна помош за 2022 година по основ на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. .

Битиќи рече дека годинава имаме рекордна исплата од вкупно 23 милиони евра, како и рекорден број на поддржани компании со државна помош – 410.

–   Од 2017 до 2022 имаме потпишано вкупно 630 договори од кои моментално активни се 546 договори, додека 84 се завршени договори по различни основи, од нив 69 комапнии ги завршиле инвестициските циклуси, додека 15 побарале спогоднено раскинување на потпишаните договори – рече Битиќи.

Тој рече и дека споредбено со 2017 година подршката годинава е драстично зголемена.

– Во 2017 имавме 3,2 милиони евра исплатено, годинава ја завршуваме на 23 милини евра исплатена државна помош. Годинава имаме зголемување од 79 отсто на исплатена финансиска поддршка, или во споредба во 2021 се 12,9 милиони евра, а оваа година 23 милиони евра. Годинава пристигнаа вкупно 436 барања за исплати од компании кои ги исполнуваат условите. Од нив 410 ги исполнија условите и им е одобрена финансиска поддршка за инвестиции согласно Законот – рече Битиќи.

Во 2022 година, како што рече, бројот на поддржани компании надвор од Скопје е зголемен за 150 отсто во однос на лани. Тогаш бројката била 93 компании, а годинава 232 компании се поддржуваат надвор од Скопје.

Според него, само по основ инвестиции во истражување и развој поддржани се 15 компании, со 1,9 милиони евра.

– Во оваа година вкупната државна финансиска поддршка по Законот на финансиска поддршка на инвестиции и Законот за контрола на државна помош се исплатени рекордни 45 милиони евра – рече тој.

Битиќи соопшти и дека нема разлика во помошта мешу странските и домашните компании.

- Advertisement -
Ad image

-Ги избришавме разликите меѓу домашните и странски компании. Денес сите компании што работат во земјава се наши компании, домашни – рече тој.

Share This Article