More

    Го загуби бебето пред една година, а сега објави убава вест

    spot_img

    Познатата пејачка Џеси Џеј (34) на својот инстаграм-профил објави дека е бремена.

    „Во исто време сум и среќна и преплашена што го споделувам ова. Ве молам, бидете нежни кон мене“, напишала Џеси во описот на видеото на Инстаграм.

     

    Под снимката следувале бројни честитки, а првите пристигнале од нејзините колешки Рита Ора и Леона Луис.

    Пред нешто повеќе од една година Џеси го изгуби бебето.

    „По третиот ултразвук ми рекоа дека повеќе нема отчукувања на срцето. Утрово се чувствував како да немам контрола над моите емоции. Можеби ќе зажалам што го објавив ова. Можеби нема. Навистина не знам“, рече Џеси претходно, а потоа додаде:

    „Сè уште сум во шок, тагата е преголема, но знам дека сум силна и знам дека ќе бидам во ред. Знам и дека милиони жени ширум светот ја почувствувале оваа болка и уште полоша.  Чувствувам поврзаност со оние што ги познавам и оние што не ги познавам. Ова е најлошото чувство на светот“, заклучи таа тогаш.

    ФОТО: Инстаграм

    Jessie J at The Peppermint Club

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img