Дете од кинеска националност донело нож со себе во основно училиште во населбата Нов Белград во главниот српски град откако ден претходно две момчиња претходно го претепале во соблекувалната за време на часот по физичко. Ова за српски Блиц го тврдат родители на дете од истото училиште.
Момчето од кинеска националност учи во седми клас во „Бранко Радичевиќ“.
Директорката на училиштето вели дека истрагата е во тек и дека „училиштето нема да игнорира ниту една насилна ситуација“.
Родителот кој зборувал за Блиц вели дека за случајот дознале на неодамнешна родителска средба и тоа од мајката на детето. Наводно, момчето со месеци е изложено на врсничко насилство.
Родителот рекол дека две паралелки од седмо одделение имале заеднички час по физичко и дека за тоа време момчето, кинески државјанин, останал во соблекувалната и играл на телефон. Потоа, како што тврди таа, дошле три момчиња, едното го држело додека другите го тепале. Момчето, наводно имало хемиско пенкало во раката и бранејќи се избодело едно од момчињата во кошулата.
Кога се обидел да излезе, момчињата „го собориле на подот, го клоцале и го плукале“. Според родителите, „тоа го гледале други две момчиња“ кои, како што вели, не реагирале, а ниту наставничката и полицаецот во училиштето знаеле што се случува.
Родителот понатаму вели дека ученикот од Кина следниот ден дошол на училиште со нож и им го покажал на соучениците.
– Според нас, тоа беше крик некој да му обрне внимание, бидејќи ако сакаше да направи нешто, ќе го направеше тоа. Не го оправдувам тој потег, не му давам опомена или намалување на оценката од владеењето. Замислете тој ден кога донел нож да налетал на тие двајца што редовно го малтретираат, пак го малтретирале, или не дај Боже да се повтори „Рибникар – раскажал еден од загрижените родители.
Тој нагласил дека оценуваат дека и на ова момче треба да му се изрече некаква мерка, но и дека сакаат „насилниците да се држат настрана од училиштата“.
Родителот нагласува дека ова не е прв пат да се случува врсничко насилство, а за тоа дознале на средба пред два дена.
– Прашавме што треба да се случи за некој да биде избркан од училиште и на тоа не добивме одговор и сме очајни. Не знам дали очекуваме премногу како родители, затоа што минатиот век одевме во основно, каде што те бркаа од училиште, беше запишано насилничко однесување, па да видиме каде ќе се запишеш. Тоа не ни е важно, особено по се што се случи во последниот месец -вели загрижениот родител за српскиот медиум.