Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пристаништата со контејнери во Југоисточна Европа стануваат сè по поранливи на трговија со недозволени стоки, се вели во извештајот насловен „Порозни пристаништа: Истражување на поморските балкански патишта“, публикуван денеска од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.

Истакнувајќи голем број големи заплени на кокаин, хероин и цигари од 2018 година па до денеска, авторите сугерираат дека традиционалниот „балкански пат“ за трговија преку копно се надополнува со поморски патишта кои стигнуваат до пристаништата во Јадранското, Егејското и Црното море.

– Се чини дека има промена во моделите и шемите на шверц – изјави коавторот Волтер Кемп.

– Тоа веројатно е така поради мерките наменети за ограничување на миграциските текови и пандемијата, како и ефектот на поместување на големите заплени на кокаин во Белгија и Холандија и прекинот предизвикан од војната во Украина, шеверцерите сега бараат алтернативни патишта – вели коавторот.

Големите заплени на кокаин – обичично задскриени во кутии со банани – во пристаништата како Драч (Албанија), Плоче и Ријека (Хрватска) и Солун (Грција) предизвикаа сомнеж дека пристаништата во Југоисточна Европа стануваат се поатрактивни за трговците со луѓе. Овие констатции идат во прилог на големите заплени на хероин во пристаништата Констанца (Романија), Копер (Словенија) и Варна (Бугарија), како и долгогодишниот проблем со шверцот на цигари, кој се одвива особено преку пристаништата Бар (Црна Гора) и Пиреја (Грција).

Базираните заклучоци се врз студија на случај за овие девет комерцијални пристаништа во регионот, а извештајот ги следи главните рути на трговија со луѓе и ги објаснува употребените техники за прикривање. Извештајот, го разгледува и екосистемот на пристаништата и нивните ранливости и ги опишува криминалните актери кои дејствуваат во и околу пристаништата.

– Во некои пристаништа, се чини дека постојат ќелии на криминални групи кои работат како дел од пошироки транснационални мрежи – вели главниот автор Руџеро Скатуро.

Во извештајот се забележува дека безбедноста на пристаништата во југоисточна Европа е подобрена во изминатата деценија поради поголемите инвестиции во технологијата, усогласувањето со меѓународните безбедносни стандарди, како и поддршката и обуката од организации како Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и Европол. Но, како и во другите пристаништа низ светот, техничките подобрувања понекогаш се поништуваат поради корупција.

Share This Article