Глинис Џонс почина на 100-годишна возраст

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Глинис Џонс, ѕвездата на сцената и екранот, најпозната по улогата на г-ѓа Бенкс во филмот за Мери Попинс, почина на 100-годишна возраст.

Британската актерка, добитничка на бројни награди, почина мирно во куќа за стари лица во Лос Анџелес на 4 јануари, потврди нејзиниот менаџер Мич Клем. Не е наведена причина за смртта.

– Глинис се пробиваше низ животот со интелигенција, духовитост и љубов кон перформансите, што влијаеше на милиони животи. Нејзината светлина блескаше многу силно 100 години. Со нејзината смрт не само што жалиме за смртта на нашата драга Глинис, туку жалиме и за крајот на Златното доба на Холивуд – изјави Клем.

Џонс која на 5 октомври го прослави својот 100-ти роденден, се сметаше за една од последните големи ѕвезди на Златното доба на Холивуд.

Дебитирајќи на екранот во 1938 година, Џонс имаше повеќе од 60 филмски остварувања и играше во најмалку 30 театарски претстави во текот на нејзината осумдецениска кариера, беше номинирана за Оскар и за Златен глобус.

За повеќето, таа ќе остане позната како Винифрид Бенкс во музичкиот филм на Дизни од 1964 година за Мери Попинс.

Share This Article