Иднината им припаѓа на децата, а нам, должноста кон нив сега, овде и секојдневно е да им овозможиме театар, вели претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, Јулијана Мирчевска во пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март.
Како што истакнува Мирчевска, гледањето претстави или впуштањето во процесот на создавање театарска претстава ќе им помогне на децата не само да го осознаат светот, туку да се осознаат и себе си.
„Членот 13 од конвенцијата на ОН за заштита на правата на децата вели: ‘Детето има право на слобода на изразување која ја опфаќа и слободата да бара, да прима и да дава информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, било усно или писмено, преку печатот, уметноста или друг медиум по избор на детето’. Театарот е слобода на изразувањето, креирањето. Театарот е љубов…“, наведува Мирчевска.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Freepik